ПРОМЕНАТА НА СНАБДУВАЧОТ Е БЕСПЛАТНА И ЕДНОСТАВНА ПРОЦЕДУРА КОЈА E-NERGIA ЌЕ ЈА НАПРАВИ ЗА ВАС

ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ

Групацијата на ENERGIA е активна во широк регион кој го опфаќа просторот од Италија до Црно море и од Чешка и Словачка до Грција.

Снабдување на крајните купувачи на електрична енергија извршуваме во низа држави: Србија, Италија, Словенија, Хрватска…
Во Црна Гора ги снабдуваме КАП (KAP) кои се најголеми потрошувачи на електрична енергија во земјата, а исто така и еден од најголемите потрошувачи во регионот, со годишна потрошувачка од околу 550.000 MWh.

ENERGIA Gas and Power Hrvatska и ENERGIA Gas and Power Slovenija се исто така, покрај во големопродажбата, активни и во малопродажбата на струја. Снабдување на крајни потрошувачи извршуваме и во БиХ. Во останатите земји од регионот нашата групација е пристуна во големопродажбата на струја како и на берзите на електрична енергија.

ВО 2016 ИСПОРАЧАВМЕ 2.400.000 MWH струја во регионот на Југоисточна Европа.